Мертенс го замолкна „Олимпико“ и ја реши Рома

Наполи го доби дербито со Рома на „Олимпико“ победувајќи со 1-2 и се доближи на само два бода негатива до „волчицата“ во трката за директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Херој на „наполитанците“ беше Дрис Мертенс, кој беше стрелец на двата гола за својот тим.

Белгиецот го доведе Наполи во водство во 26.минута, а на почетокот на вториот дел постигна и втор погодок, за 0-2. Рома немаше вистински одговор на овој меч, а Кевин Стротман во самата завршница само постигна почесен погодок.

All Goals & Highlights HD – AS Roma 1-2 Napoli… by Zidanekriisz

Се вчитува...