Меси има семејни проблеми? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Меси има семејни проблеми?

Лионел Меси оваа сезона не игра во препознатливата форма, а и многу почесто се повредува. Неговите проблеми се од семејна природа, затоа што неговата поубава половина, со која го има и синчето Тијаго, не е добро прифатена од неговото семејство. Според „Диарио гол“, кој се повикува на автобиографска книга која треба набрзо да биде објавена, Меси има големи проблеми да направи баланс во семејството, помеѓу Антонела и своите родители и братот. Тие едноставно не ја „мирисаат“ Антонела и воопшто не сакале да успее, ниту пак сега ја поддржуваат неговата врска со аргентинската убавица.

Неговиот татко Хорхе се сомнева во нејзината верност кон Лионел, па ангажирал двајца телохранители кои постојано треба да бидат до неа и да ја следат во чекор, иако таа во најголем дел од времето се грижи за синчето Тијаго. Братот Родриго на страна од неа ги држи најголем дел од финансиите на Лионел, а мајката Селија се уште не може да се помири со изборот на нејзиниот син. Токму затоа Меси е далеку од својата форма и на моменти делува загубено и отсутно на фудбалскиот терен. Поради семејните грижи не посветува доволно внимание и на индивидуалните тренинзи, па затоа и се почесто се повредува. Тој по последната повреда на мускулот нема да настапува се до крајот на 2013 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.