Меси маскиран во посета на Дизниленд

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, се врати во Париз, но овој пат да ги искористи слободните денови и да ужива со своето семејство во Дизниленд. Аргентинскиот фудбалер се обиде да остане незабележан, маскиран со брада, со капа и со црни очила, но тоа не му успеа во целост.

mesi diznilend

Фудбалерот на Барселона брзо беше забележан од фановите кои не ја пропуштија шансата да се фотографираат со својот идол. Па фотографиите на „маскираниот“ Меси со воодушевените фанови брзо осамнаа на интернет.

mesi diznilend 2

Фудбалерите на Барселона минатата недела славеа голема победа против ПСЖ со 6-1 во Лигата на шамапионите. Но, само неколку дена потоа во шпанската Ла лига, загубија на гостувањето во Ла Коруња со 2-1. Во недела Барселона ја очекува дуелот со Валенсија и обидот со победа да го симнат Реал Мадрид од врвот на табелата.

Се вчитува...