Меси постигна спектакуларен гол на тренинг (ВИДЕО)

Кога е Лионел Меси во прашање паѓаат атрактивни голови дури и на тренинг.  Еден таков спектакуларен погодок Меси „сервира“ и на тренингот со своите репрезентацијата на Аргентина.

„Гаучосите“ се подготвуваат за пријателските натпревари со Италија и со Шпанија во подготовките пред настапот на СП во Русија.

На тренинг натпреварот меѓу аргентинските репрезентативци, Меси прими топка на средината на теренот, веднаш се реши од еден од „чуварите“, а потоа на патот до казнениот простор помина уште тројца. Се избори за добра позиција на 16 метри и со левицата го погоди долниот агол на голот.

 

Се вчитува...