Металург и Охрид поразени, Шартр – Бешикташ во финалето на „Струга 2017“

Ракометарите на турски Бешикташ и франскиот Шарт ќе играат во финалето на 45-от Интернационален ракометен турнир „Струга 2017“ откако во синоќешните натпревари славеа против Охрид односно Металург.

Во дербито на втората група Шартр славеше против Металург со 28-22 на тој начин обезбедувајќи си финале откако претходно беше подобар и од Струга. Во првата група, пак, Бешикташ го победи Охрид со 32-24 (12-13), откако во првото коло славеа и против шведски Алингсас.

Денеска во Струга се играат последните натпревари по групи, Металург – Струга и Охрид – Алингсас.

ФОТО:www.ohridnews.com.mk

  

Се вчитува...