Металург jуниор ги почна подготовките за претстојната сезона

 Металург Јуниор денеска и официјално ги почна подготовките за претстојната сезона. По две години пауза, овој клуб повторно му се враќа на ракометот и ќе се натпреварува во Првата македонска лига.

Подготовките на почетокот ќе се изведуваат на отвореното игралиште на ФК Алумина, а тренерот Благоја Весиќ на располагање има ростер од 18 ракометари.

Своите натпревари Металург Јуниор ќе ги игра во салата “Расадник“.

metalurg junior

Се вчитува...