Металург ослабен на гостувањето со Нексе - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52
Коментари
20/11/2017 12:12

Металург ослабен на гостувањето со Нексе

Металург ослабен на гостувањето со Нексе

Екипата на Металург ќе биде значително ослабена на утрешното гостување против Нексе откако Филип Кузмановски и Александар Гуглета отпаднаа од комбинација за дуелот со хрватскиот вицешампион. За Металург ова ќе биде последен меч во СЕХА-лигата, па во ситуација кога тимот на Лино Червар е сигурен на средината од табелата, хрватскиот стратег не гледа потреба да ризикува со оние играчи кои не се максимално подготвени за настап.

Нексе е апсолутен фаворит во овој дуел. Прво, поради домашниот терен на кој сезонава одигра одлично против Веспрем, Мешков, Загреб…, а второ поради тоа што на овој меч ќе бидеме послаби со неиграњето на Филип Кузмановски и на Александар Гуглета, кои се повредени. Кузмановски има оток на раката што му беше оперирана, а Гуглета има повреда на ципите. Но, тоа не значи дека во овој меч ќе влеземе со резерва или со респект. Напротив, ќе се обидеме да одиграме добро, а ако се создаде и најмала шанса, да ја материјализираме со победа“, истакнува стратегот на Металург, Лино Червар.

Првиот натпревар сезонава меѓу Металург и Нексе, што се одигра во Скопје, заврши без победник, 25-25. По оваа средба „металурзите“ ќе заминат на мини-подготовки во Пореч пред стартот на настапите во ракометниот шампионат на Македонија. Според информациите од тимот од Автокоманда, Гуглета и Кузмановски, ќе бидат дел од овие подготовки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.