Металург по втор пат го положи оружјето пред Монпелје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Металург по втор пат го положи оружјето пред Монпелје

Металург по втор пат го положи оружјето пред Монпелје

Металург го запиша четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Во натпреварот од 7.коло  во групата Д, „металурзи“ на домашен терен беа поразени од Монпелје со 21-27 . Борбеноста не изостана, но тоа не беше доволно за Металург да го изненади првиот фаворит во групата и покрај тоа што Французите во Скопје допатуваа во ослабен состав без повредените Гребиј, Фабрегас и Симонет. За Металург ова е втор пораз во серија и втор од Монпелје сезонава, а за Францускиот тим продолжување на перфектната серија со од седум победи во седум натпревари.

Уште од стартот на натпреварот, Монпелје наметна темпо и поведе со 0-2. Металург се обидуваше да фати чекор со противникот и да ја пробие противничката 5-1 одбрана со седум играчи во напад. Пет минути им требаа на „металурзи“ да го постигнат првиот гол, а дури во 17.минута дојдоа до првото изедначување на 8-8 со погодокот на Халил Јагањац. Во наредните неколку минути се играше гол за гол, а македонскиот вицешампион успеваше добро да му парира на поискусниот противник. Последното изедначување беше на 12-12, а потоа Французите успеаја да се одлепат со неколку брзи голови. Монпелје направи серија од 4-1 и дојде на +3 (13-16).

Александар Јовиќ го искористи правото на тајм-аут на една минута пред крај и „металурзи“ поентираа во последниот напад пред крајот на првиот дел и на одмор заминаа со 14-16.

Второто полувреме почна со многу грешки, а малку голови и на двете страни. Иако и на стартот од вториот дел, Јовиќ играше „7 на 6“ со двајца пикери во нападот, сепак Металург не успеваше да реализира. Конечно, лошата серија на домаќините ја прекина Вања Илиќ со убав погодок од цепелин на асистенција од Гуглета намалувајќи на 15-18 во 38.минута од натпреварот. Две-три добри одбрани на Дарко Арсиќ го вратија Металург во игра. Со серија од 3-1, „металурзи“  одново дојдоа на гол негатива (17-18), а на десет минути пред крај имаа напад за изедначување (21-22). Јовиќ реагираше со тајм-аут, но договорената акција наместо со погодок заврши со промашување на Јагањац и со на брзина примен гол за водство на Монпелје со 21-23 и тука практично беше решен победникот во овој дуел. Монпелје потоа тргна во нова офанзива, постигна пет гола во серија и ги постави конечните 21-27, а „металурзи“ до крај не успеаја да постигнат ниеден гол.

Жарко Пешевски, Божо Анѓелиќ и Халил Јагањац постигнаа по пет гола за Металург. Кај Монпелје со по шест гола најефикасни беа Теофил Кос и  Валентин Порт, а  пет погодоци постигнаа Мишел Гигу, а голманот Винсент Жерар заврши со 14 одбрани.

Во следното коло во групата Д, Металург на 18 ноември му гостува на Бешикташ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.