Металург подобар од младите „вардарки“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Металург подобар од младите „вардарки“

Металург подобар од младите „вардарки“

ЖРК Металург во фотофиниш успеа да го совлада тимот на Вардар СЦЈС со 22-21 во еден суперинтересен меч од женската ракометна Суперлига, во спортската сала во „Автокоманда“. Желбата за бодови беше очигледна на двете страни, а и судиите имаа полни раце работа.

Вардар СЦЈС имаше водство од 3-2 во почетните минути од дуелот, но после тоа екипата од Автокоманда успеа да израмни и неколку минути тие беа кои го диктираа темпото на натпреварот. Гостите преку Керамичиева и Нолевска се обидуваа да ја загрозат Серафимова, која во неколку наврати одлично го сочува голот на Металург. Брзоногата Саздовска им правеше проблеми на „вардарки“, а резултатот на полувремето беше 10-10.

zrk metalurg - zrk vardar junior 1

Во вториот дел продолжи да се игра со силно темпо, а во голелм дел од натпреварот Вардар СЦЈС имаше предност од еден гол, а како што се наближуваше крајот на мечот, така растеше тензијата на теренот. Публиката беше сведок на жестоки дуели, а на четири минути до крајот, резултатот беше 21-21.

Во последните две минути ракометарките на Вардар СЦЈС притиснаа кон голот на домаќинот. Голманката на Металург, Амра Илјаз имаше две фантастични одбрани, а во наредниот напад, Саздовска не успеа да постигне погодок. На пет секунди до крајот беше досуден седмерец за Металург, кој во гол го претвори Габриела Величковска, за голема победа на Металург, 22-21.

Најефикасни ракометари на натпреварот беа Николиќ кај Металург и Керамичиева кај Вардар СЦЈС, со по седум постигнати гола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.