Металург со гостинска победа за крај на годината - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47
Кошарка
25/05/2017 12:01

Металург со гостинска победа за крај на годината

Металург со гостинска победа за крај на годината

Прва гостинска победа за Металург во последниот натпревар годинава во регионаланата СЕХА лига. На гостувањето во Словачка, Металург славеше против Татран Прешов со 27-33,и ја запиша првата победа на гостински терен. За „сините“ од Автокоманда, кои на овој меч настапија и без Филип Талески, ова е втора победа против словачкиот првак против кого славеа и на првиот дуел во Скопје, и вкупно трета во СЕХА лигата. Со вкупно девет бода од 14 натпревар, „металурзи“ ќе презимат на претпоследната позиција на табелата, а Татран останува едно место погоре.

Првото полувреме мина во изнедначена игра во која Металург во поголемиот дел одржуваше минимална предност. Во финишот на првиот дел, металурзи прв пат дојдоа на три гола разлика поведувајќи со 13-10. Но, веднаш поптоа направија и серија грешки, прво Велковски, а потоа и Илиќ беше исклучен на две минути, а домаќините ја искористија шансата и се вратија во игра намалувајќи на 12-13 на крајот од првиот дел.

Домачините ја искористија грешката на Металург и пробивањето на Немања Обрадовиќ и постигнаа гол од контра за ново изнедачување на 13-13 на стратот од вториот дел. „Металурзи“ сепак брзо се вратија во ритам и во позитива. Дарко Арсиќ имаше неколку одбрани во серија што  му овозможи на македонскиот вицешампион да ја зголеми прендоста.  Во 41.минута  стигнаа  до највисоко водство од +4  поведувајќи со 16-20, а на +5 дојдоа во 47.минута со погодокот на Мартин Велковски за 19-24. Домаќините одново се приближија на гол разлика намалувајќи на 24-25 на осум минути пред крај, но Металург одговори со серија од 3-0 и  ја завери победата. Татран немаше решение за  дисиплинираната игра на Металург во одбраната, дополнета со 15 одбрани на Арсиќ. Лино Червар и на овој меч во поголемиот дел играше со седум играчи во поле што на крај му донесе и убедлива победа. Металург финишираше со шест гола во серија од 55 до 57.минута и на крај „металурзи“ заслужено славеа со конечните 27-33.

Дарко Арсиќ имаше уште една добра партија на голот на Металург со 15 одбрани, а во нападот на „металурзи“ најефикасен беше Обрадовиќ со девет гола. Кај Татран, Оливер Рабек постигна седум , а Јакуб Хрстка беше стрелец на шест гола.

По ова 14.коло во СЕХА лигата следува зимската пауза резервирана за репрезентативните активности и настапите на националните селекции на СП во Франција. Натпреварите во регионалата СЕХА лига ќе продолжат во првата недела од февруари, а Металург ќе го почне вториот дел од сезоната на гости кај Веспрем на 4 февруари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.