„Металурзите“ лесно го освоија Охрид

Металург во осмото коло од ракометниот плејоф ја забележа својата седма победа, откако на вообичаено жешкиот терен во Охрид избраниците на Лино Червар славеа неочекувано лесно, со убедливи 24-30.

Охриѓани одлично парираа само во првиот дел од првото полувреме, кога по израмнетите 8-8 гостите од Скопје додадоа гас, влегоа во серија, па на одмор заминаа со убедливи 11-16. Домаќините не успеаја да сторат нешто повеќе во второто полувреме, Металург не дозволи предноста да се спушти под четири гола, по што тимот на Червар заслужено стигна до нови бодови.

Илиќ и Костески со по седум гола беа најефикасни кај Металург, пред Петров со четири погодоци, додека прв стрелец на Охрид беше Кобетиќ со шест постигнати гола.

Се вчитува...