Михајловиќ збесна, па се правдаше зошто ги нападнал своите помошници… (видео)

Стратегот на Торино, Синиша Михајловиќ збесна за време на натпреварот против Сасуоло на кој неговата екипа славеше со 3-0 имаше и моменти на „лудило“ нафрлувајќи се на своите помошници.

На почетокот не беше јасна причината за лутината на Михајловиќ, но потоа самиот објасна дека сето тоа е поради погрешната измена која ја подготвиле неговите помошници Ломбарди и Кастелацио.

„Не можам да се помирам со такви пропусти кои не смеат да се случуваат, затоа што мечот зависи токму од таквите мали детали. Можеби и јас не дадов јасен сигнал кој треба да ја напушти играта, но логично беше дека Оби треба да излезе, не знам како не можеа да разберат. Во секој случај, реагирав претерано па затоа сакам да им се извинам на моите помошници“ – објасни Михајловиќ.

Михајловиќ сакал од игра да го повлече Џоел Оби, а не Том Ринкон.

Се вчитува...