Мик Шумахер чекор поблиску до Формула 1 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Мик Шумахер чекор поблиску до Формула 1

Мик Шумахер чекор поблиску до Формула 1

Од рана возраст, Мик Шумахер гази по стапките на совојојт татко Михаел. Младиот и талентиран возач во изминатите неколку години се натпреваруваше во Формула 4, а тимот со кој соработува, Према Пауертим одлучи во наредната сезона тој да вози во Формула 3 шампионатот.

„Ф3 е идеален чекор за продолжување на мојата кариера и потполно сум подготвен за да се докажувам и понатаму. Следната сезона ќе биде голем предизвик за мене. Тестовите кои ги направивме во претходните недели покажаа дека ќе имам многу добар автомобил и со големо нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона. Многу сум среќен што останувам во истиот тим, кој е максимално професионален и со кого ќе можам да продолжам да учам“ – вели наследникот на Шумахер кој во иднина се надева дека ќе вози во Формула 1, како својот татко кој е седумкратен светски шампион.

Седумнаесетгодишниот возач минатата сезона освои пет победи во Ф4 шампионатот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.