Милан бара од газдата да ги „закрпи“ долговите, а тој банкротира

Раководството на Милан испрати барање до сопственикот Јонгхонг Ли, потребни се 10 милиони евра со цел клубот да ја задржи валидноста до крајот на сезоната. Но, меѓувреме тој се соочува со поголеми проблеми, отворена е истрага во Италија околу парите и купувањето на италијанскиот гигант, поточно начинот на кој се исплатени парите на претходниот сопственик, Силвио Берлускони. Засега се проверува една италијанска банка, иако Ли досега потенцираше дека се било регуларно при купувањето и трансферот на финансиите.

Факт е дека една од фирмите на Ли со која има акции во клубот и која претставуваше гарант за соработката и преговорите, банротира, па затоа кинескиот газда стана ризичен за евентуални вложувачи и пратнери. Станува јасно дека ова е преголем залак за него, минатиот месец клубот имаше административни препреки мораше да позајмува пари од сопругата на Ли, а газдата се уште нема најдено начин како ќе го врати долгот од 303 милиони евра на американскиот фонд „Елиот“.

До крајот на сезоната Ли мора да најде начин како ќе врати дел од сумата, но и  треба да постигне договор со УЕФА околу финансискиот фер – плеј, во спротивност Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања, поточно ќе нема право на настап. Доколку не успее да врати дел од априте во следниот период, ќе мора да ги исплати сите 300 милиони евра до октомври, а тоа е невозможна мисија. Клубот тогаш ќе заврши во рацете на инвестицискиот фонд кој нормално, ќе го стави клубот на продажба.

Доколку сето ова се случи, ќе се намали вредноста на акциите, иако постојат шпекулации за нови газди, засега остануваат само гласини бидејќи Милан во моментов е нестабилен и ризичен да се вложува во него. Ли веќе се обидува да продаде дел од акциите, но времето му истекува. Италијанските медиуми тврдат дека лошите вести допрва ќе следат, доколку не се соберат 60 милиони евра кои би гарантирале валидност пред надлежните на УЕФА.

Се вчитува...