Милан ја реши Фиорентина, Деулофеу повторно херој

Милан успеа да излезе од големата резултатска криза, триумфирајќи на дербито со Фиорентина со 2-1 за серија од три меча без пораз во домашното првенство (две победи и едно реми). Жерар Деулофеу прераснува во нов миленик на навивачите на „росонерите“ откако шпанскиот офанзивец го постигна победничкиот погодок против „виолетовите“. Токму Деулофеу со својата енергија внесува живост во тимот на Монтела кој делуваше умртвено до пред извесно време, па за очекување е челниците на клубот што поскоро да почнат преговори со Евертон за целосно да го откупат договорот на овој играч.

Милан со вечерашната победа остана на седмото место со 44 бода, сега со четири бода предност во однос на осмопласираната Фиорентина.

AC Milan 2-1 Fiorentina – Highlights & All… by Goals_online

Се вчитува...