Милан не запира – следен е Чаланоглу од Баер Леверкузен

Новите газди на Милан сериозно влегуваат во овој преоден рок, продолжувајќи со преговорите за дополнителни засилувања за тимот на Винченцо Монтела. Преговорите со Лацио за ангажманот на Лукас Билја моментно се во застој, но „росонерите“ се решени да ангажираат квалитетен играч за врска, насочувајќи го своето внимание кон Хакан Чаланоглу.

Фудбалерот на Баер Леверкузен поради суспензија од ФИФА (за прекршени услови од договорот додека настапувал за Карлсруе) го пропушти вториот дел од сезоната, а во негово отсуство „фармацевтите“ значително паднаа на табелата, едвај изборувајќи се за опстанок. Раководството на Баер е расположено да разговара за продажба доколку добие понуда од 25 милиони евра, а преговорите ги потврди и агентот на фудбалерот, Бектас Демиртас.

Милан е еден од најголемите клубови во светот. Тоа е се што можам да кажам, не можам да откривам детали околу преговорите“ – изјави Демиртас за германскиот весник „Билд“.

Се вчитува...