Милан сака „ѕвер“ во нападот, нуди 35 милиони евра за Џеко

Во трансфер периодот кој со нетрпение сите го чекаат, познато е дека Милан ќе прави ремонт на тимот, а започнува од нападот со понуда од 35 милиони евра за голгетерот на Рома, Един Џеко. Босанецот сезонава e во животна форма со постигнати 25 гола на 33 натпревари досега во Серија А, заедно со Белоти од Торино се борат за златната копачка во лигата.

Новите газди на Милан се решени да обезбедат неколку засилувања пред почетокот на летниот преоден рок, со цел да не ги загубат битките во наддавањата со другите клубови за потписи на посакуваните играчи. Но, за да го договорат 31-годишниот напаѓач, понудата треба да биде доста примамлива бидејќи покрај ваква сезона сигурно ќе има и други понуди од европски клубови, а и од Кина.

Во неговата втора сезона во дресот на Рома, Џеко со голгетерската серија потсетува на деновите во Волфзбург и Сити, неговиот договор трае до 2020 година, но дали ќе продолжи да игра на „Олимпико“, ќе решава новиот спортски директор, Мончи.

Се вчитува...