Милан си играше со оган, но победи…Партизан од триумф до пораз

Италијанскиот калчолигаш Милан имаше сигурно водство од 2-0 против Ријека, но си играше со оган во финишот, а ноншалантната игра на одбраната на крајот за малку ќе доведеше до реми. Сепак, Кутроне во судиското продолжение постигна гол за триумф од 3-2.

Андре Силва го доведе Милан во водство, Мусакио зголеми на 2-0, а потоа во финишот изненадување од хрватскиот тим, за кој играше и Леонард Жута.Акости по грешката на Леонардо Бонучи намали на 2-1, а потоа Ромањоли направи пенал што го реализира Елез. Сепак, Кутроне му донесе триумф на Милан.

Партизан во Белград имаше водство од 2-0, но загуби од Динамо Киев со 2-3. Ожеговиќ и Тавамба донесоа предност од два гола на полувреме, но во вториот дел украинскиот тим направи целосен пресврт. Мораеш од пенал намали на 2-1, Бујалскиј израмни, а повторно Мораеш донесе комплетен пресврт и триумф.

Лудогорец на домашен терен го совлада Хофенхајм со 2-1. Кадерабек на самиот старт донесе предност за гостите, но Дјаков и Лукоки во второто полувреме обезбедија победа за Лудогорец.

Евертон одигра само 2-2 против Аполон Лимасол, а ремизираа (1-1) и Лион и Аталанта.

Лига Европа, резултати

Група А: Макаби ТА – Вилјареал 0-0, Астана Славија П. 1-1

Група Б: Партизан – Динамо Киев 2-3, Скендербег – Јанг Бојс 1-1

Група Ц: Брага – Башакшехир 2-1, Лудогорец – Хофенхајм 2-1

Група Д: Милан – Ријека 3-2, АЕК – Австрија Виена 2-2

Група Е: Евертон – Аполон Лимасол 2-2, Лион – Аталанта 1-1

Група Ф: Шериф – Копенхаген 0-0, Локомотив Москва – Злин 3-0

Се вчитува...