Милан во офанзива по Диего Коста

Милан тргнува по потписот на Диего Коста, со понуда од 50 милиони евра за Бразилецот со шпански пасош. Кинеските газди веруваат дека сумата е доволна за неговите услуги, а секако е и поефтина варијатна од Мората и Белоти, за кои беа подготвени да потрошат скоро двојно повеќе.

28-годишниот голгетер на „сините“ во неговата трета сезона на островот по втор пат стана шампион на Англија, а пред неколку дена дозна дека не е во плановите на Конте за следната сезона, што значи дека мора да најде нова средина.

Челси наводно го договори Лукаку, иако се уште не е официјализиран трансферот, шампионнот на Англија не сака да губи време, па сака веднаш да најде нов клуб за Коста. Контроверзниот напаѓач изрази желба за враќање во Атлетико, но ембаргото на „јорганџиите“ ќе го натера Коста да седи на трибините минимум до јануари, а тоа според него не е добра идеја во сезона на Мундијалот. Нему му е потребно што повеќе да игра за да го задржи местото во репрезентацијата.

Бразилецот беше поврзуван и со трансфер во Жиангсу Сунинг, и тоа за вртоглави 80 милиони евра, но кинекиот клуб се откажа од таквата идеја уште на почетокот на оваа година.

Се вчитува...