Милевски го објави списокот: „Проветрување“ во селекцијата до 21 година

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари против Русија (23. март, Тренинг центар „Петар Милошевски“) и Австрија (27. март) за пласман на ЕП 2019 во Италија. На списокот на Милевски има значително „проветрување“, кое селекторот го објасни со потфрлување во односот кон националниот дрес и високиот професионализам на дел од фудбалерите.

Во селекцијата се враќаат Доријан Бабунски, Емил Абаз, по суспензијата и Стеван Јевтоски, а предводник ќе биде Никола Ѓорѓев. Има и четворица дебитанти, а собирот е в понеделник во 11 часот, во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје.

„Како што најавив сега има промени во однос на претходните собири. Сега имаме четворица дебитанти, Божиновски, Личина, Омар Имери и Милан Ристовски. Повторно во селекцијата се враќа Бенјамин Демир кој игра во одлична форма во Скопје. Оние кои сега не се повикани, се изоставени пред се поради потфрлање во однос на односот кон националниот дрес и високиот професионализам. Може некогаш да потфрлиме на терен, но односот и максималниот ангажман мора секогаш да бидат на највисоко ниво“, истакна селекторот на националниот тим до 21 година.
Селекторот Благоја Милевски ги анализираше и противниците.
„Се соочуваме со Русија која доаѓа со моќен состав и е фаворит. Но, ние мора да гледаме во нашиот двор и да се подготвиме најдобро што можеме“, изјави Милевски. 

Се вчитува...