Милевски: Горд сум затоа што играчите на секој меч покажуваат како се игра за националниот дрес

Селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски искажа задоволство од победата против Бугарија, иако минимална, во рамките на подготовките за Европското првенство во Полска.Милевски уште еднаш го потенцираше начинот на кој младите фудбалери се борат за националниот дрес…

„Мора да издвојам дека фудбалерите кои го понесоа товарот во квалификациите за ЕП во Полска уште еднаш покажаа како се бранат боите на националниот дрес. Горд сум на тоа. Посебно оние кои имаат ангажман и во сениорската репрезентација на секој меч потврдуваат како се игра за Македонија“ – истакна Милевски по мечот со Бугарија, дополнувајќи дека ова било добар тест и за оние со помала минутажа.

„Како и што очекувавме имавме добар тест против една квалитетна селекција. Извлековме и одредени поуки, а тестиравме и дел од играчите кои досега имаа помала минутажа. Во секој случај, квалитетна проверка токму за она што ќе не очекува во јуни во Полска“ – дополни македонскиот селектор.

Се вчитува...