Милевски: Ја почитувам одлуката на Сефери да игра за Албанија, со среќа! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Милевски: Ја почитувам одлуката на Сефери да игра за Албанија, со среќа!

Милевски: Ја почитувам одлуката на Сефери да игра за Албанија, со среќа!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски вели дека ја почитува одлуката на фудбалерот на Јанг Бојс, Таулант Сефери во иднина место за македонската селекција да настапува за Албанија.

Сефери се најде на списокот на Милевски за престојниот тест дуел со Црна Гора, но само заради тоа што македонскиот стручен штаб претходно немаше информација дека Сефери веќе ја одбрал Албанија. Милевски единствено жали што членот на Јанг Бојс не одговори на неговите повици изминативе десет дена и лично да му ја соопшти одлуката…

„Ја почитувам одлуката на Таулант Сефери да настапува за албанската репрезентација. Можеби очекував да одговори на моите телефонски повици изминативе десеттина дена и лично да ми ја соопшти одлуката, посебно по нашиот разговор на 15. февруари кога самиот ми потврди дека има желба и е подготвен да игра за нашата репрезентација. Но, веќе и не е толку важно, во текот на вчерашниот ден по објавувањето на списокот добив порака од Таулант во врска со неговата репрезентативна иднина и ни преостанува да ја почитуваме одлуката да игра за Албанија. Му посакувам пред се добро здравје и успех во иднина“ – вели Милевски во изјава за официјалната страница на ФФМ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.