Милевски: Македонија ќе биде предизвик за сите на Европското првенство - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Милевски: Македонија ќе биде предизвик за сите на Европското првенство

Милевски: Македонија ќе биде предизвик за сите на Европското првенство

Македонската репрезентација до 21 година синоќа ги доби своите противници шпротив кои ќе се бори за што подобар пласман на претстојното Европско првенство. Португалија, Шпанија и Србија се силни репрезентации и селекторот Благоја Милевски со своите избраници ќе имаат огромен предизвик пред себе и ќе мора да се носат со притисокот од историскиот пласман на едно големо натпреварување.

„Сметам дека е многу силна група, но знаеме дека на ова натпреварување нема лоши тимови. Ние сме со Шпанија, Португалија и Србија, првите две репрезентации веќе имаат освоено Европска титула, а оваа генерација на Србија го освои Светскиот куп. Мислам дека сме во можеби најсилната група со многу добри репрезентации, но јас мислам дека ние имаме квалитет за да се надигруваме со сите. Се надевам дека ќе играме исто толку добро како и во квалификациите“ – вели селекторот кој продолжува да верува во силата на репрезентацијата притоа додавајќи:

„Најпрвин би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите во тимот и да им посакам здравје и нови убави моменти. Мислам дека нашиот сон се оствари, но сонот се уште трае. Сигурен сум дека во Полска ќе играме добар фудбал и ќе ја промовираме нашата земја на најдобриот можен начин. Нашата цел е да покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека имаме квалитет и потенцијал. Убеден сум дека ќе бидеме предизвик за сите на првенството. Ќе играме добар фудбал“ – заврши Милевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.