Милевски: Снимаме фудбалери за селекција од 22-23 фудбалери за новиот квалификациски циклус - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Милевски: Снимаме фудбалери за селекција од 22-23 фудбалери за новиот квалификациски циклус

Милевски: Снимаме фудбалери за селекција од 22-23 фудбалери за новиот квалификациски циклус

Пред новиот собир на младата репрезентација за селективниот камп кој се организира околу изборот на фудбалери за новиот квалификациски циклус на У-21 следната година, селекторот Благоја Милевски одржа брифинг со медиумите на кој ги изнесе своите очекувања од селективните натпревари на 12. и 14. декември на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров против селекцијата на играчи од А репрезентацијата која ја одреди Игор Ангеловски.

„Ова е веќе втора селекција на играчите од генерацијата 1996/97 и помлади која треба да ги започнат квалификациските натпревари во септември за Европското првенство 2019 година. Низ овој процес намерата и планот е да одредиме до 22-23 фудбалери кои во март би имале и посериозни тест натпревари со други репрезентации. Најголем дел од играчите се од домашниот шампионат, но и тие неколкумина интернационалци кои се во селекцијата мораат да го потврдат својот квалитет доколку сакаат да се наметнат во репрезентативниот дрес. Иако овие два натпревари немаат натпреварувачки карактер, напротив целта е сосема поинаква, сепак и јас и селекторот на А репрезентацијата можеме да добиеме слика за дел од повиканите фудбалери кои можат или не мора да бидат во плановите за идните репрезентативни настапи“ – изјави Милевски, и дополни:

„Во план за настап на овие натпревари беа и Таулант Сефери, Стефан Јефтовски и Емил Абаз, но поради клупски обврски не се во можност да настапат. Веќе одработивме еден тренинг, играчите се чувствуваат добро, се надевам дека ја сфаќаат одговорноста која ја носи репрезентативниот дрес и дека ќе го дадат најдоброто да се наметнат и во важните квалификациски натпревари“.

Првиот натпревар е во понеделник (12.12.2016) во 13:00 часот на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче Петров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.