Милевски со предавање „Патот до ЕП во Полска“ на Форумот на тренери на ФФМ

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, ќе биде еден од предавачите на годишниот Форум на тренери во организација на ФФМ што ќе се одржи на 20-21 февруари во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Неговата тема ќе биде „Патот до Полска“, во која ќе го образложи најголемиот успех на една македонска фудбалска селекција што го остварија младите фудбалери до 21 година под негово водство.

Свои презентации на Форумот ќе имаат и Небојша Марковски, директор на Центарот за едукација на ФФМ, како и Франк Лудолф, директор за едукација на тренери во УЕФА, потоа Мика Пателаинен, член на стручното тело на УЕФА за анализа на ЕУРО 2016, и Ромео Јозак, член на УЕФА комитетот за развој и технички директор на ХНС.

seminar treneri

Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот на тренери на ФФМ има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА диплома во Македонија и го носи насловот: „15 години тренерска едукација во ФФМ“.

Центарот за едукација на тренери испрати покани до сите тренери во Македонија за присуство, а воедно ги информираше дека нивното присуството на овој Форум, согласно УЕФА Тренерската Конвенција е задолжително за сите носители на УЕФА диплома на било кое од трите нивоа (Б, А и Про), а како обврска која тренерите мора да ја завршат за да можат да остварат продолжување на своите УЕФА лиценци.

На овој Форум поканети се и сите тренери носители на Национална Ц лиценца кои работат во детските лиги, тренерите кои работат во женските лиги на ФФМ, како и тренерите кои работат во футсал.

На овој Форум свои презентации ќе имаат:

Небојша Марковски – Директор на Центар за едукација на ФФМ (20.02)

Благоја Милевски – Селектор на македонска репрезентација У-21 (20.02)

Франк Лудолф – Директор за едукација на тренери во УЕФА (20.02)

Мика Пателаинен – Член на стручно тело на УЕФА за анализа на ЕУРО 2016 (21.02)

Ромео Јозак – Технички директор на ФФ на Хрватска и член на УЕФА комитетот за развој (21.02)

Се вчитува...