„Милионерите“ лесно минаа низ Хамбург

Борусија Дортмунд оствари нова убедлива победа во Бундес-лигата, славејќи со 0-3 на гости против Хамбургер. Со тоа се врати на првото место на табелата со 13 освоени бода, и импресивна гол – разлика, 13-0.

Шинџи Кагава го постигна првиот гол за „милионерите“ на овој меч, а во второто полувреме стрелаа и Обамејанг и Пулишиќ.

Херта со головите на Леки и на Калу славеше протов Баер Леверкузен со 2-1, а Хановер и натаму е без пораз, откако одигра 1-1 на гостувањето кај Фрајбург.

Резултати Германија: Келн – Ајнтрахт Ф. 0-1, Мајнц – Хофенхајм 2-3, Хамбургер – Борусија Дортмунд 0-3, Херта – Баер Леверкузен 2-1, Фрајбург – Хановер 1-1.

Се вчитува...