„Милионерите“ се провлекоа, Арсенал и со пораз во осминафиналето на Лига Европа

Борусија Дортмунд успеа да се провлече во осминафиналето на Лигата на Европа, играјќи 1-1 против Аталанта на гости, што беше доволно за продолжување на настапите во второто по ранг европско натпреварување. „Милионерите“ првиот меч го добија со 3-2, па голот на Шмелцер во 83.минута им донесе пласман во следната рунда. Аталанта прва поведе преку Рафаел Толои.

Арсенал на гости победи со 0-3, па и пораз на „Емирати“ (1-2) од Остерсунд не го спречи да патува во следната фаза. Но, ова секако е срам за „топчиите“, кои по првото полувреме имаа негатива од 0-2. Стрелци на головите за Остерсунд беа Ајеш и Сема, а Колашинац погоди за Арсенал на самиот старт на вториот дел.

Милан и на „Сан Сиро“ го совлада Лудогорец со 1-0, надополнувајќи го триумфот од 0-3 во Бугарија. Фабио Борини беше стрелец на победничкиот гол за италијанскиот тим.

На дуелот меѓу Атлетик Билбао и Спартак Москва претходеа жестоки навивачки нереди, а на теренот иако победи рускиот тим (1-2), сепак, Атлетик Билбао се пласира во следната рунда, поради триумфот од 1-3 на првиот меч. Понатаму одат и Олимпик Марсеј и Салцбург.

Резултати, Лига Европа: Милан – Лудогорец 1-0, Арсенал – Остерсунд 1-2, Аталанта – Борусија Дортмунд 1-1, Атлетик Билбао – Спартак Москва 1-2, Брага – Марсеј 1-0, Салцбург – Реал Сосиедад 2-1.

Се вчитува...