„Милионерите“ славеа на „Алијанц арена“ за финале во Купот на Германија

Борусија Дортмунд го совлада големиот ривал Баерн Минхен со 2-3 на „Алијанц арена“ и обезбеди финалето во Купот на Германија, каде ќе ги одмери силите со Ајнтрахт Франкфурт. „Милионерите“ одиграа фантастичен меч и славеа со пресврт во второто полувреме.

Марко Ројс ја доведе Борусија Дортмунд во водство во 19.минута, но Хави Мартинез и Матс Хумелс до полувремето го свртеа резултатот во корист на Баерн Минхен. Сепак, тимот на Томас Тухел зададе нов удар во вториот дел.

Обамејанг израмни на 2-2 во 69.минута, а пет минути подоцна Дембеле уште еднаш ја затресе мрежата на Баерн Минхен, за триумф на „милионерите“ и пласман во големото финале во Купот на Германија.

Се вчитува...