„Милионерите“ во супер-финиш триумфираа против Ајнтрахт Франкфурт

Борусија Дортмунд на возбудлив начин стигна до победа од 3-2 против Ајнтрахт Франкфурт и се искачи на третата позиција на табелата во Бундес-лигата. Два гола на овој меч беа постигнати во судиското продолжение. Гостите успеаја да израмнат со голот на Дени Блум во 91.минута, но Мичи Батшуаи донесе триумф во четвртата минута од надоместувањето на времето.

„Милионерите“ поведоа со автоголот на Рус во првото полувреме. Јовиќ израмни во 75.минута, но само две минути подоцна Батшуаи повторно донесе предност за Борусија Дортмунд. Дени Блум повторно израмни на 2-2, но Мичи Батшуаи беше човекот на одлука на овој интересен дерби меч.

Се вчитува...