Милко Ѓуровски: Луѓето мислат дека сум луд, а јас – што на ум, тоа на друм!

Македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски е повеќе од икона и за навивачите на Црвена Звезда и за оние на Партизан. Секогаш бил и ќе биде интересен при било кое фудбалско случување во регионот, па и сега долги години откако ја заврши играчката кариера.

Така е и пред финалето од Купот на Србија меѓу двата најголеми ривали. Милко Ѓуровски во живо, во Белград, ќе ја следи големата пресметка од финалето…

„Дојдов специјално за финалето на Купот. Фудбалот ми даде се, ама и јас не останав должен. Ќе го минам ова време во Белград со моите најдобри пријатели, со братот Бошко, со синот Марко, но верувам и ќе уживам во фудбалот“ – вели Ѓуровски за спортски „Журнал“ и дополнува:

„Кога ќе се сетам на минатот, знам дека секогаш сакав да играм најдобро што можам. Не сакав да играм повреден, а луѓето мислеа дека сум луд. Така и денес, а јас што на ум тоа на друм! И не се каам воопшто. Играв за публика, за себе, за клубот. Не сакав никој да ме жртвува поради свои интереси. Здравјето и денеска ми е на прво место, да чукнам во дрво, немам никакви проблеми. Влегов и во тренерските води и секогаш им велам на играчите, дека е подобро здрав фудбалер на терен, отколку кревок во игра или во хоризонтална положба. Тогаш нема никаква корист од него“ – коментира Милко Ѓуровски во интересниот разговор за „Журнал“ пред финалето од Купот на Србија меѓу Црвена Звезда и Партизан.

Се вчитува...