Минибаскет фестивал за најмалите кошаркари (фото)

Во склоп на Младинската кошаркарска лига Вардар, уште еднаш се одржа “Минибаскет фестивал“, за најмалите кошаркари (2009/10 и 2007/08). На кошеви за минибаскет и со баскети за минибаскет, овие дечиња покажаа вистинско знаење, вистинско кошаракарско уживање.

Покрај пет екипи на домаќинот Вардар, на фестивалот учествуваа и КК Феникс, КК Петрески и КК Кетс од Гостивар.

За три недели повторно ќе се организира трето издание од фестивалот, на кое учество ќе земат и останатите клубови.

Се вчитува...