Минимален пораз на кадетите и од Романија (26-27)

По вчерашниот пораз од Израел, македонската кадетската репрезентација загуби минимално и од домаќинот Романија на Интернационалниот турнир во Васлуи.

Кадетите на Македонија загубија со 26-27 во натпревар во кој заслужија и триумф, посебно според играта во првиот дел кога имаа предност од 16-14.

Но, во второто полувреме низ променлива игра дозволија Романците да поведат и со три гола, а на крајот Македонија да успее само да дојде до еден гол негатива.

Турнирот е во склоп на подготовките на нашата кадетска репрезентација за настапот на ЕХФ Шампионатот што во јули 2018 година ќе се игра во Грузија, како и за Светското првенство за оваа генерација што во текот на летото 2019 ќе се игра во Скопје.

Се вчитува...