„Министерот за одбрана“ стана дипломиран економист

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски денес стана дипломиран економист, бранејќи го дипломскиот труд „Ризици и терминска структура на каматните стапки“, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Ристовски истакна дека не планира да продолжи со ракометот откако ќе ја заврши кариерата, па се надева дека своето знаење од светот на бизнисот ќе го употреби и искористи во иднина.

„Не планирам да останам во ракометните води по завршувањето на играчката кариера. Не сакам да бидам тренер или нешто слично, сакам ова знаење да го искористам во бизнисот најдобро што можам. Сметам дека образованието ќе ми биде многу важно и од корист откако ќе се пензионирам. Планирам да го надоградам моето знаење и студии во оваа област, и да ги искористам во сопствен бизнис. Без никаков надомест во иднина сакам и да помогнам на многу млади талентирани деца кои се занимаваат, го сакаат ракометот, а и општо спортотсакам да се едуцираат и да напредуваат“, истакна Ристовски.

Чуварот на мрежата на Барселона, овој пат наиде на поинаков начин на бранење, па смета дека потешко е да се одбрани дипломска, отколку голот.

„За мене е многу потешко да се одбрани дипломска, бидејќи не е мое поле. Ракометот е веќе природна работа за мене, да се појавам пред неколку илјадна публика повеќе не е товар, но за мене ова е нов терен“, додаде Борко.

borko diplomska

20205855_1611492345573150_2054786406_o

20196676_1611536682235383_341103974_o

  

Се вчитува...