Кошаркарите до 18 години ги добија противниците за ЕП, Мирковски во ’трка’ за селектор

Кошаркарите до 18 години ги добија своите противници на претстојното Европско првенство, Дивизија Б, што подоцна оваа година ќе се одржи во Талин, Естонија. На ждребот одржан во Минхен, младинците беа сместени во групата Д каде ќе разигруваат со домаќинот, Република Ирска, Данска, Белгија и Швајцарија. На првенството ќе се борат 24 репрезентации, распоредени во четири групи. Само двете првопласирани од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

16343674_1150007955067969_1029840659_n

Минатата година, довербата на македонската куќа на кошарката ’падна’ во рацете на Американецот Клифтон Елис, а младите кошаркари не успеаја да ја минат групната фаза. Оваа година, МКФ сè уште нема одлучено кој ќе ги предводи младинците, но како главен кандидат се споменува името на Владимир Мирковски.

Мирковски во моментов е дел од Рајз кошаркарската академија во Кина каде работи непосредно пред да згасне клубот Бест, а пред тоа ја водеше токму оваа генерација, пред две години, на континенталното првенство до 16 години.

„Против селекциите на Швајцарија, Ирска и Данска немавме шанса да играме, но успеав да гледам дел од нивните натпревари. Се работеше за доста квалитетни и цврсти селекции кој немаа одредени поединци, но ги красеше тимската игра и цврстата одбрана. Белгија е селекција која е секогаш во врвот на овие натпреварувања со тенденција за влез во А дивизија. Селекцијата на Норвешка имаше еден НБА потенцијал висок 2.10 см буквално играше на сите позици. За Естонија нема што да се зборува самиот факт што таа година го освоија првенството без ниту еден пораз доволно говори“ – се првите впечатоци на Мирковски за противниците на младите кошаркари.

Натпреварите ќе се одиграат од 28. јули до 6. август, а Мирковски верува дека Македонија може да оствари позитивен резултат.

„Македонија има квалитет,кошаркарите се позрели за две години дел од нив успешно настапуваат во странство – Јанев во Италија, Радичевски во Германија, дел во домашното првенство, Делоски и Крстевски дел од сениорскиот тим на Работнички, Јордановски, Шопов и Стојанов во тимот на Вардар, Димитриев, Колевски и Стојановски успешно настапуваат во Европската лига со тимот на Феникс, Миса, Трсунов и Јовановски во селекциите на МЗТ. Со вистински припреми и сериозен пристап, квалитетни пријателски натпревари Македонија може да има позитивен резултат“ – заврши Мирковски.

Се вчитува...