Миркуловски: И натаму ќе играм за Македонија!

Македонија е запрена од Норвешка во најдобрите 16 селекции на Светското првенство во Франција. Скандинавците се покажаа како поквалитетни во првиот дуел од осминафиналето.

Лино Червар ги немаше на располагање Филип Миркуловски и Дејан Манасков кои заработија повреди на последниот натпревар против Исланд.

„Кога најмногу сакаш да помогнеш се случуваат вакви работи, но тоа е спортот. Се обидов да изиграм колку можам, но не бев со состојба. Штом се вратив сигурно дека и натаму ќе играм за Македонија. не се вратив само за ова првенство, ќе играм додека ме служи здравјето“ – истакна Миркуловски, а потоа се осврна и на текот на натрпеварот.

„Момците докажаа дека може да се игра без секој. Имавме добра игра во првото полувреме иако не искористивме неколку добри шанси со кои сигурно ќе имавме два гола предност на полувремето. После следеше пад и се случи тоа што се случи“ – дополни Миркуловски.

Се вчитува...