Миркуловски перфектен, „четворка“ и за Талески

Денешните натпревари од 25. коло во Бундес-лигата донесоа победи на двајцата македонски интернационалци, Филип Миркуловски и Филип Талески.

Потешка задача имаше Миркуловски, кој со својот Вецлар го пречека тимот на Хановер, кој важи за најпријатно изненадување во елитното германско ракометно друштво. Вецлар на крајот успеа да слави со 29-26, а значаен придонес имаше токму македонскиот репрезентативец, кој постигна четири погодоци со перфектна реализација од поле.

Рајн Некар Левен останува на врвот на табелата откако тимот на нашиот Филип Талески попладнево забележа нова победа, овојпат на гостувањето против Либек со убедливи 28-38. Македонскиот бек беше одличен во второто полувреме, постигнувајќи четири гола од пет обиди. Во главна улога беше Швеѓанецот Ким Екдал Ду Риц, кој по враќањето на терените делуваше импресивно, девет пати запишувајќи се меѓу стрелците.

Се вчитува...