Миркуловски за повредата: Паднав лошо на „кичма“, не знам колку е сериозно

mec baner

Поразот боли, но носи и огромна загриженост околу здравствената состојба на Филип Миркуловски. Одличниот бек настрада во 4. минута, кога мораше на рацете на соиграчите да биде изнесен од теренот. Тој се обиде да продолжи, но набрзо потоа се повлече, по што стана јасно дека повредата воопшто не е наивна.

Паднав незгодно на „кичма“ и се уште чувствувам силна болка. Се надевам дека не е сериозно, но ќе треба да почекаме, најверојатно да мине ноќта, за да видиме за што всушност станува збор и колку е сериозен проблемот. Искрено верувам дека станува збор за нешто полесна повреда, за да можам да настапам на следните средби“ – изјави Миркуловски.

Членот на Вецлар даде и краток осврт на натпреварот, во кој нашите репрезентативци беа целосно надиграни од страна на противникот.

Пресуден беше почетокот, во кој промашивме неколку чисти шутеви, по што противникот прерано резултатски се одлепи. Ние не сме во ситуација толку да промашуваме и да се надеваме на победа, особено против ривал како што е Словенија, кој одигра одличен меч и заслужено победи“ – истакна Филип Миркуловски.

Се вчитува...