Мирољубиво реми на Германија и Чиле

Германија и Чиле ремизираа 1-1 во својот натпревар од второто коло во групата Б од Купот на Конфедерациите, резултат со кој и двете селекции остануваат многу близу до пласман во полуфиналето.

Чилеанците први поведоа веќе во 6. минута откако по слабото исфрлање на топката на Тер Штеген таа дојде до Алексис Санчез, членот на Арсенал одигра двојно додавање со Видал, по што мајсторски ја смести топката крај дирекот во мрежата на Германците. Варгас ја погоди гредата, пропуштајќи идеална шанса за 2-0, за пред крајот на првото полувреме Штиндл да израмни на 1-1 на додавање на левиот бек Хектор.

Германија и Чиле остануваат на првите две места во групата со по четири бода, пред Камерун и Австралија, кои имаат по еден освоен бод. Во последното коло Германија ќе игра со Камерун, додека Чиле ќе ги одмери силите со селекцијата на Австралија.

0-1 Alexis SANCHEZ Goal Germany 0-1 Chile – 22… by claytonashurst

Lars Stindl Goal HD – Germany 1-1 Chile 22.06.2017 by riqezi

Се вчитува...