Мирослав Николиќ нов тренер на КК Партизан

Мирослав Мута Николиќ е новиот тренер на КК Партизан. Како што пренесуваат српските медиуми, популарниот Мута  потпиша тригодишен договор со „црно-белите“.

За актуелниот помошник тренер на Србија ова значи враќање на клупата на Партизан, откако го напушти клубот пред 19 години. Во сезоната 1996/97 ја освои титулата во домашното првенство, но уште во следната сезона се откажа од позицијата, по лошите резултати на тимот во Евролигата.

Две шампионски титули има и со Будуќност, а покрај овие два клуба раководеше и со Црвена Звезда, Хемофарм, Раднички Белград, Војводина, Аполон, Раднички Крагујевац, Аутодорожник, но највпечатлива е неговата улога во репрезентацијата на Србија, каде се уште ја врши должноста помошник тренер на Саша Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...