Мис Бум Бум го „извиси“ Роналдо

Атрактивната Бразилка, Ерика Канела, отпатувала во Лисабон на договорен состанок со Роналдо, но потоа ја „откачила“ фудбалската ѕвезда. Кристијан Роналдо во Лисабон со Португалија играше против Унгарија во квалификациите за СП минатиот викенд,  а за тоа време Ерика сезабавувала во хотелот.

erika ronaldo 2

Актуелната Мис Бум Бум, бразилски избор за најубав задник, тврди дека Роналдо и се јавил после натпреварот и договориле средба.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, Ерика тврди дека Роналдо и испратил автомобил пред хотелот во Лисабон во кој престојувала, но таа задоцнила бидејќи не ја видела пораката на телефонот.

erika ronaldo

„Сепак, седнав во автомобилот и разговарав со Кристијано. Беше лут дека сум закаснила, а мене не ми се допадна неговиот тон. Ми рече дека има малку време и дека има други обврски. Му реков дека не сум жена за 15 минути и се вратив во хотелот“ – тврди Ерика која на бразилските медиуми им испратила и фотографија од реписката со ѕвездата на Реал.

ronaldo 1

„Сакав да излезам со Роналдо, но тој ме гледаше како објект“ – вели атрактивната Бразилка.

Се вчитува...