Mитков: Оваа победа за мене е најдобриот подарок - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26
Фудбал
22/10/2017 14:17

Mитков: Оваа победа за мене е најдобриот подарок

Mитков: Оваа победа за мене е најдобриот подарок

Влатко Митков доби простување од националниот дрес какво што можеше само да посака. Натпреварот со Чешка беше последен во неговата долга репрезентативна кариера и заврши со голема победа на Македонија и со пласман на ЕП во Хрватска.

Секогаш тивок и исполнителен, Митков заминува во репрезентативна пензија победнички на рацете на своите соиграчи и со задоволна насмевка.

Оваа победа е најубав подарок за мене. Имав измешани чувства, но морав да се смирам и дадов се од себе. Раул ни рече дека мора да одиграме најдобро досега затоа што Чешка има добри шутери и мора да бидеме внимателни во одбраната. Ние тоа го применивме и резултатот е оваа победа и 13 гола разлика. Горд сум што се пласиравме на Европското првенство на ваков начин им посакувам на момците да дадат максимум во Хрватска. Верувам во нив и знам дека ќе не израдуваат повторно“ – вели Влатко Митков.

Натпреварите со Чешка во последните три сезони станаа традиционални за македонските ракометари на крајот на сезоната, а последниве две години и проштални за дел од репрезентативците. Лани на мечот со Чешка од баражот за СП 2017, од националниот дрес се прости Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, кој по неколку месеци повторно се врати да и помогне на репрезентацијата додека може.

На вчерашниот дуел со Чешка, цревениот дрес „го врами“ Влатко Митков.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.