Митревски и Даскаловски ги поделија бодовите во Романија

Во уште едно „македонски“ дуел во првенството на Романија, Доброгеа Суд Констанца за која настапуваат репрезентативците Никола Митревски и Велко Маркоски, а во стручниот штаб на клубот е и Бранислав Ангеловски, одигра нерешено со Темишвар (20-20) на чиј гол е Златко Даскаловски.

Токму двајцата македонски голмани му дадоа белег на натпреварот во Констанца. Даскаловски имаше вкупно 18 одбрани на голот на Темишвар, а Митревски во вториот дел забелеша 11 одбрани на голот на Констанца.

Гоце Георгиевски постигна седум гола и заедно со Антонио Робледо беше најефикасен во гостинската победа на ЧСМ Букурешт против  Сучеава со 29-32.

Горан Кузманоски славеше победа со Одорхеи против Стеауа со 26-20 во натпреварот од 3.коло на домашен терен. Кузманоски беше стрелец на два гола.

Се вчитува...