Митревски и Маркоски со Куп титула во Романија

Никола Митревски и Велко Марковски со екипата на Констанца во која спортски директор е Бранислав Ангеловски, ја освоија титулата во Купот на Романија. Во „македонското“ финале, Констанца го победи Темишвар во чиј состав е Златко Даскаловски со 23-21 (11-12).

Решавачката предност екипата на Констанца ја оствари во последната четвртина од финалниот меч. Темишвар имаше гол предност на полувремето, а на средината од вториот дел резултатот беше изедначен (17-17). Констанца беше поуспешна во завршниот дел. Никола Митревски имаше неколку одбрани во клучните моменти што и овозможни на Констанца да направи пресврт и да се одлепи на 20-17, а потоа и да ја сочува предноста до крај и да го освои победничкиот пехар во Купот на Романија.

Макеоднскиот репрезентативен голман во финалето забележа 13 одбрани на голот на Констанца, а Велко Марковски беше стандарден во одбраната на победничкиот тим.

Се вчитува...