Митревски: Ова е екипа, победуваме сите заедно

ЕКИПА во Загреб,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

 

Никола Митревски беше херојот на Македонија при денешната победа над Словенија, враќајќи ја нашата селекција во живот кога беше најважно, а потоа нижејќи уште неколку интервенции во текот на второто полувреме. Еуфорија владее во нашите редови, но чуварот на мрежата останува скромен како и секогаш.

„Ова беше тежок меч против силен ривал и секако дека сме пресреќни од победата. Задоволен сум од својот придонес, но ова е екипа, победуваме сите заедно. Работиме напорно на тренинзите, со Борко, со Раул Гонзалес и тренерот на голманите Царчев, овој меч беше потврда за квалитетот на тренинзите. Пред се треба да бидеме задоволни со двата бода, да работиме на она што недостасува и уште повеќе да напредуваме во следниот период“ – изјави Митревски веднаш по мечот.

Се вчитува...