Митревски со Бенфика до нова победа во ЕХФ купот

Никола Митревски со екипата на Бенфика славеше победа на домашен терен против Кокс со 26-25 во четвртиот натпревар од групната фаза во ЕХФ Купот.

Македонскиот репрезентативец беше на голот на португалскиот тим во првото полувреме во кое запиша седум одбрани меѓу кои и еден одбранет седмерец.

Бенфика првиот дел го заврши со минимална предност (11-10), шпа натпреварот остана отворен и неизвесен до крај. Победничкиот гол за Бенфика го постигна левиот бек Александре Кавалканти од седмерец во последните секудни од натпреварот. Тој беше и најефикасен играч на натпреварот со девет погодоци.

По четири кола во групната фаза, Бенфика е на второто место во Групата Д со шест бода исто колку што има и водечкиот Мелсунген. До крајот на оваа фаза во ЕХФ Купот остануваат уште две кола. Првите две екипи од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналето.

Се вчитува...