Митревски во елемент, Констанца во победничка серија

Констанца ја продолжувапобедничката серија во првенството на Романија. Тимот во кој настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Марковски, а спортски директор е Бранислав Ангеловски, славеше на гостувањето против Сучеава со 23-31, а значаен придонес за триумфот имаше токму македонскиот голман.

Никола Митревски го заврши натпреварот со 17 одбрани, а Велко Марјковски покрај вообичаениот придонес во одбраната, на овој меч постигна и еден погодок.

За Констанца ова е петта победа во серија, вкупно девета во првенството на Романија.

Во победничка серија со четири триумфи по ред е и ЧСМ Букурешт. Тимот во чиј состав е репрезентативното крило Гоце Георгиевски на домашен терен го победи Васлуи со 33-21. Македонскиот репрезентативец постигна четири гола и беше втор стрелец во својот тим.

Победа во 14.коло славеше и Златко Даскаловски со тимот на Темишвар кој беше поуспешен од Калараси со 32-24.

По 14.кола во Романија во водство е Стеауа со 31 бод. Темишвар е 3.место со 29 бода исто колку што имаат и Одорхеи и Констанца на 4 и 5.позиција. ЧСМ Букурешт е седми со 27 бода.

 

Се вчитува...