Митревски во елемент во триумфот на Констанца

Екипата на Констанца за која настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Марковски славеше убедлива победа против Фагарас (33-22) во 9.коло од првенството на Романија. Митревски во одлично издание го бранеше голот на Констанца во сите 60 минути. Македонскиот репрезентативец запиша 19 одбрани и еден погодок и беше еден од најзаслужните за победата на својот тим.

Велко Марковски имаше стандарден придонесе во одбраната на Констанца, а во нападот најефикасни со по пет гола беа Буричеа, Црноглавац и Нистор.

За Констанца моментно е на 8.место на табелата, со четири победи, две нерешени и три порази по првите девет кола во Романија.

Се вчитува...