МИЗЕРИЈА: Вардар веќе не е интересен за Скопје – едвај 500 навивачи на дербито со Шкендија!

Очајна посета на дерби пресметката меѓу Вардар и Шкендија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Најтрофејниот македонски клуб очигледно веќе не е интересен за Скопје, кога ниту дерби пресметката со најголемиот конкурент за титулата не може да привлече повеќе од 500 гледачи на трибините…, ако се исклучат најверните „Комити“ на Западната трибина. Причини сигурно лежат и во организациско-менаџерските способности на раководството на клубот, кое ниту од далеку изминативе години не успеа да ги привлече скопјани на трибините… Напротив, само успеа Вардар да го однароди!

Се вчитува...