МКФ се извини за пропустот, но и им се закани на „неплаќачите“

Македонската Кошаркарска Федерација преку соопштение им се извини на Работнички и на Партизан МШ за скандалозното неодигрување на младинскиот меч меѓу овие два клуба, поради неделегирањето на судии. Вината за пропустот лоцирајќи ја кај Генералниот секретар во Канцеларијата за младинските лиги, челниците на МКФ во истото соопштение и гласно се заканија со суспензии до сите оние клубови кои нема да ги подмират финансиските обврски што им се доспеани.

Соопштението на Македонската Кошаркарска Федерација го пренесуваме во целост:

Македонската кошаркарска федерација сака да го изрази своето жалење и воедно да им се извини на клубовите, играчите и нивните родители за неодигрувањето на натпреварот помеѓу Работнички и Партизан М.Ш на 9.ноември (четврток), посебно поради фактот што се работи за натпревар од  младинските категории на натпреварување.

До овој несекан настан дојде  поради ненамерна грешка од страна на техничкиот секретар на Канцеларијата на младинските лиги, кој периодов  заедно со своите колеги од федерацијата дополнително се ангажирани околу подготвките за натпреварите на сениорските селекции и поради тоа се направи превид и не се делегираа официјални лица за овој натпревар.Натпреварот ќе се одигра во текот на наредната недела.Уште еден податок кој би сакале да го споделиме со јавноста е дека голем број од клубовите се уште ги немаат подмирено своите обврски кон канцеларијата на младинските лиги и до сега имавме трепение и разбирање за овие проблеми, поради фактот што се одржуваа локални избори, а голем број на клубовите во државата добиваат финансиска помош, право на користење на спортски сали, токму од страна на локалната самоуправа.Бидејќи веќе се создадени сите услови за нормално  функционирање и работа на клубовите,  а истите продолжат со овој тренд на неисплаќање на основните трошоци кон Канцеларијата на младинските лиги, за жал ќе мора да да се преземат соодветни мерки и веќе од следното коло се суспендираат сите клубови кои ги немаат подмирено своите заостанати долгови (котизации, казни, судиски такси..).

Се вчитува...