Младеновски: Долго чекав шанса, ја оправдав довербата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

Младеновски: Долго чекав шанса, ја оправдав довербата

Младеновски: Долго чекав шанса, ја оправдав довербата

Љубомир Младеновски имаше одличен натпревар против Косово, реализирајќи 12 поени, седум скока и една блокада и покажувајќи дека поседува потенцијал што може да се надградува.

Знаевме дека сме поквалитетен противник од Косово и дека можеме да стигнеме до посакуваниот резултат од над четири поени. Влеговме со потребната енергија, игравме на далеку повисоко ниво и заслужено победивме. Сега пред нас е Естонија, ривал што не е поквалитетен од нас и против кого можеме да играме и да го совладаме на гостински терен“ – истакна Младеновски.

Откако имаше епизодна улога на претходните две средби, Младеновски овојпат доби посериозна минутажа и се покажа во одлично светло, пополнувајќи ја дупката што ја имавме во рекетот претходно.

„Секако дека сум среќен, мило ми е што добив шанса, чекав на овој момент да добијам можност да ги покажам квалитетите и верувам дека ја оправдав довербата. Се надевам дека и во иднина ќе се случува истото, јас секогаш сум подготвен да го дадам максимумот и да помогнам на репрезентацијата“ – порача доскорешниот центар на МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.